Заев преку ФБ ги повика сите кои живеат во странство и имаат можност да гласаат за Гарванлиев, кој настапува вечерва на „Евровизија“
- Вечерва нашиот македонски баритон Васил Гарванлиев настапува на првото полуфинале на „Евровизија“ под редниот број 6. Ве повикувам сите кои живеете во странство и кои според евровизиските пра

Скопје, 19 мај 2021 (МИА) - Вечерва нашиот македонски баритон Васил Гарванлиев настапува на првото полуфинале на „Евровизија“ под редниот број 6. Ве повикувам сите кои живеете во странство и кои според евровизиските правила имате можност да гласате да го дадете својот глас за Васил и "Here I stand", истакна премиерот Зоран Заев преку социјалната мрежа „Фејсбук“.
Порача дека треба да застанеме гордо до него.
-Тој гордо стои пред сите нас, да застанеме и ние до него. Среќно Васил!, напиша Заев.
свс/скс/
