• среда, 25 декември 2024

Заев на ФБ: Правото на материјално обезбедување ќе го остварат уште најмалку 1100 стечајци

Заев на ФБ: Правото на материјално обезбедување ќе го остварат уште најмалку 1100 стечајци
Скопје, 18 јули 2021 (МИА) - Со измените на Законот за стечјаци, правото на материјално обезбедување ќе го остварат уште најмалку 1100 стечајци, објави премиерот Зоран Заев на неговиот ФБ-профил. Заедно со претходните законски решенија, напиша тој, вкупниот опфат на стечајци што го оствариле или ќе го остварат правото на надомест во висина од 9.242 денари до нивното пензионирање, е близу 13 000 лица. - Определбата на Владата за спроведување социјални политики насочени кон сите наши граѓани од ранливите категории, како што се стечајците, пензионерите и невработените, продолжува и во наредниот период, објави Заев на Фејсбук. цр/хс/

Тагови

Остани поврзан