• сабота, 23 ноември 2024

Заев: Мицкоски разговара за да не се договора

Заев: Мицкоски разговара за да не се договора
Скопје, 30 септември 2020 (МИА) - Пакетот на антикризни мерки е за добробит на граѓаните, да ги спасиме економија, стандардот и за заштита на честа на родителот пред детето, за тоа се работи. Не е се за критика, нешто е за поддршка, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ Стар во врска со обвинувањата на опозицијата за четвртиот пакет мерки за справување со последиците на Ковид кризата. Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ „тера голо критизерство без аргумети“, потенцирајќи дека лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски излзе на прес-конференција половина час по објавување на мерките, тврдејќи дека не се добри. - Немал време ниту да ги прочита и вели ништо не чини, вика ништо не е тоа, а пуштаме пакет од 470 милиони евра, нагласи Заев. - Не може да седнете со Мицкоски да се договорите, тој разговара за да не се договара, во измнатиот период од три години колку е тој претседател на ВМРО-ДПМНЕ една работа не договоривме, со Груевски договривме пржинска влада, специјално обвинителство, нема ни една работа што е договорена со Мицкоски, додаде Заев. Премиерот истакна дека опозицијата треба да биде буден следач на работата на власта, коректив на нејзината работа, а ВМРО-ДПМНЕ продолжува со злокобни зборови на омраза и „Владата уште не беше избрана излегоа на протести“. - Тоа можам да го објаснам само со самобендисаност, нарцисоидност, фрустрација само да се додржи во фотелјата во Белиот дворец, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, се гази пред себе, тоа не  добро. Ако опозицијата е слаба - лошо е за државата, лошо е за СДСМ, да има добра опозицијата е ќар за граѓаните. Ние можеме да продолжиме и вака, државата пак ќе оди напред и СДСМ ќе победува, ВМРО- ќе губи, но посакувам да работам заедно со опозицијата, да почувствува дека сите заедно сме одговорни, премиерот Заев во интервју за штипската телевизија Стар. сп/

Остани поврзан