• понеделник, 23 декември 2024

Заев: Имаме земја призната од светот, ВМРО-ДПМНЕ може да учи од нас што е патриотизам

Заев: Имаме земја призната од светот, ВМРО-ДПМНЕ може да учи од нас што е патриотизам
Кавадарци, 11 јули 2020 (МИА) - Успеавме да оствариме вековни соништа на нашите претци. Имаме парче земја призната од целиот свет, исто како и јазикот и идентитетот. Триесет години ниту еден политичар немаше мудрост и храброст да донесе одлука, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев на вечерашната трибина во Кавадарци. Осврнувајќи се на различното толкување на патриотизмот од страна на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Заев рече дека цели генерации се уништиле за да можат политичарите да останат на власт и да имаат моќ, но оти денес државата е призната од целиот свет и впишана во архивите на ООН. - Кога зборував на македонски јазик во Европскиот парламент и кога изустив дека ми е драго што можам да зборувам на нашиот македонски јазик, цел Парламент аплаудираше и потврди дека нашиот јазик постои. И сега, тие се патриоти, а ние не? Оние кои го слават Тодор Александров, тие се патриоти? Оние кои го негираат Блаже Конески се патриоти? Ним во кодот им е да бидат криминалци, од историјата со шверцот со опиум до денес. Ние не сме патриоти што седиме до светските лидери и држиме говори еден по друг, не сме патриоти што го дигнавме нашето знаме пред седиштето на НАТО? Ова е патриотизам и можат само да учат. Ние го остваруваме тоа што три децении само се зборува и се ветува и сега кога е исполнето, ние не сме патриоти, нагласи Заев. Ги повика граѓаните на 15 јули да излезат и да ги изберат, како што рече, вистинските патриоти, оние кои и мислат добро на државата и кои ја градат европската иднина на државата. сд/бак/   

Остани поврзан