• сабота, 23 ноември 2024

Заев за ситуацијата во Црна Гора: Правото на протест секако е дозволено, но насилството повеќе не му личи на Балканот

Заев за ситуацијата во Црна Гора: Правото на протест секако е дозволено, но насилството повеќе не му личи на Балканот
Скопје, 6 септември 2021 (МИА) - Секако како и сите граѓани и мене како претседател на Владата ме загрижува секоја ретроградна ситуација која што се случува во регионот и навистина треба да ја осудиме заради тоа што не е добра, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со случувањата во Црна Гора, на денешниот настан по повод промоција на пригодна поштенска марка за 30 години од независноста на Република Северна Македонија. Според Заев правото на протест секаде е дозволено, но насилството повеќе не му личи на Балканот. - Балканот навистина не е темпирана бомба или буре барут, Балканот е променет. Балканот има многу европски вредности, унапреден е. Веројатно на тој пат ние ќе ги усовршиме и ќе ги имаме комплетните европски вредности. На добар пат сме сите, буквално сите земји и затоа должност е и европски да се однесуваме, а тоа е подадена рака, пријателство, дијалог, дипломатија, разговори и верувам дека ќе се смират ситуациите и состојбите во Црна Гора затоа што мораме да мислиме напред и да ја гарантираме добрата иднина за целиот народ во Западниот Балкан, нагласи Заев. Во духот на, како што кажа, денешните политики – дијалог и дипломатија порача да се седне и да се разговара. - Секојпат дијалогот и дипломатијата даваат резултат. Што и да е. Дури, еве и вака верски прашања наспроти народот во пријателски наши соседни земји навистина е чувството непријатно и за нас овде, Македонците, но и сите граѓани коишто живееме во Република Северна Македонија. Балканот седи на маса заедно, дискутира за европската агенда, имаме соработка. Сите политичари разговараат еден меѓу друг. Секако има плус едно скалило на одлична соработка помеѓу Република Северна Македонија, Албанија и Србија која што е видлива. На отворена покана према Косово, према Црна Гора и Босна и Херцеговина затоа што иста судбина делиме, но и иста иднина посакуваме, заклучи Заев. мс/ац/  

Остани поврзан