• вторник, 24 декември 2024

Заев: Законот за спречување и заштита од дискриминација гарантира еднаквост за сите

Заев: Законот за спречување и заштита од дискриминација гарантира еднаквост за сите
Скопје, 27 октомври 2020 (МИА) - Државата оди напред! Едно општество за сите, и во добро, и во криза, секогаш, а од сега и уредено со нов Закон за спречување и заштита од дискриминација кој гарантира еднаквост за сите, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-провил по повод донесувањето на Законот.
Социјалдемократите, прогресивните сили во државата и граѓанското општество, додава Заев, се изборија за долгоочекуваниот Закон за спречување и заштита од дискриминација.
-Припадниците на маргинализираните заедници, вклучувајќи ја и ЛГБТИК заедницата се еднакви пред законот како и сите останати граѓани. Со стапувањето на сила, секој граѓанин ќе знае дека е безбеден во својата држава и дека ќе може да ги обезбеди своите права, загарантирани со уставот. Честитки за сите активни граѓани кои доследно се изборија за овој успех, пишува премиерот на Фејсбук. сст/дма/

Остани поврзан