Загина инженер при несреќа во воен комплекс во Иран
- Во несреќата, што се случила синоќа, загинал еден инженер.

Техеран, 26 мај 2022 (МИА) - Едно лице загина, а друго е повредено при несреќа во истражувачки центар во иранскиот воен комплекс Пархин, поврзан со Министерството за одбрана.
Во несреќата, што се случила синоќа, загинал еден инженер.
Повреденото лице е префрлено в болница.
Пархин, што се наоѓа јужно од Техеран, е поврзан со производство на ракети и нуклеарни истражувања. бд/гт/