• четврток, 25 јули 2024

Завршува фестивалот ,,Малиот принц" во штипскиот Центар за култура

Завршува фестивалот ,,Малиот принц
Штип, 10 октомври 2022 (МИА) - Три драмски текстови за деца се влезени во потесниот круг за избор на победничкиот текст, на фестивалот „Малиот принц“, од вкупно пристигнати 11. Победникот ќе се објави во среда, најави директорот на Центарот на култура „Ацо Шопов"-  Штип, Горан Трајков.
Победникот ќе добие награда во вредност од 1.000 евра.
Трајков на денешната прес-конференција посочи дека се задоволни од пристигнатиот број на драмски текстови, со што се збогатува литературата за деца.
-Беа пристигнати 11 драмски текстови за деца, што ни дава за право да кажеме дека сме многу среќни, со тоа што ја збогатуваме литературата за деца, а најмногу драмските литературни дела за деца кои се преточени во целовечерни претстави. Во потесниот дел беа избрани три, вели Трајков.
Тој додаде дека останатите дела ќе бидат предмет за разгледување на останатите Центри за култура во државата. Ако има заинтересираност, истите ќе може да бидат поставени на нивната матична сцена.
-Ве покануваме сите граѓани кои се заинтересирани да го проследат добитникот на наградата од драмски текстови за деца во 12 часот во Галерија 22. Вечерта со почеток од 19:30 часот ќе биде доделувањето на наградите од фестивалот за деца и младинци „Малиот принц“, а се доделуваат и специјални награди, вели Трајков.
Затворањето на фестивалот „Малиот принц" ќе заврши со пригодна музичка манифестација. Изминатите десет дена најмладата публика беше дел од фестивалот, а салата беше исполнета до последното место.вдј/бт/

Остани поврзан