• четврток, 26 декември 2024

Завршните зборови на одбраната за „Тортура“ продолжуват на 31 мај

Завршните зборови на одбраната за „Тортура“ продолжуват на 31 мај
Скопје, 26 мај 2021 (МИА) - Одбраната во случајот „Тортура“ своите завршни зборови ќе ги продолжи на 31 мај. На денешното рочиште за овој случај завршни зборови даде дел од одбраната на прво обвинетиот Сашо Мијалков, односно адвокатот Лупчо Шврговски, кој истакна дека обвинението за случајот „Тортура“ е засновано врз голи претпоставки. Судскиот предмет во овој случај го води судијката Александра Ристовска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Љубомир Лапе. Прв обвинет во овој случај е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното СЈО, е осомничен за кривично дело „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“ од член 142 став 1 в.в. со член 23 од КЗ. За истото кривично дело се осомничени и шест поранешни припадници на единицата „Алфа“ помеѓу кои, Ивица Анчевски, Новица Станковски, Петар Милошевски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани. oџ/ар/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан