• понеделник, 23 декември 2024

Заврши 19 Интерационален фолклорен фестивал „Велес 2024“

Заврши 19 Интерационален фолклорен фестивал „Велес 2024“

Велес, 7 јули 2024 (МИА) - Со песна и игра и многубројна публика синоќа во амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес заврши 19. Интернационален Фолклорен Фестивал „Велес 2024“, што траеше од 3 до 6 јули.

Фестивалот го организираа велешките фолклорни друштва, ансамлот „Керамичар“, КУД „Коле Неделковски“ и ФА „Вила Зора“, со поддршка на Општина Велес и спонзори. Освен од Велес и земјава, на фестивалот настапија и фолклорни групи од Романија, Турција, Словачка, Украина, Црна Гора, Србија, Полска и Австралија.

На последната вечер настапија фолклористите од велешките фолклорни друштва како и гостите од Романија, Полска, Австралија, Украина, Турција и Словачка.

Претседателот на организациониот одбор Томе Јаневски истакна дека фолклорот и традицијата се тие кои не означуваат како македонски народ и затоа треба да ги чуваме и негуваме. Во таа насока е и овој фестивал, кој е мост на културата и традицијата на народите.

Во текот на фестивалот свој успешен настап имаше и Оркестарот на традиционални инструменти при ОМУ „Стефан Гајдов“ од Велес, како и составот „Распеани велешани“, кои настапуваа со староградските македонски и велешки песни.

Освен фолклорни игри, на годинашниот ИФФ „Велес 2024“ имаше и бројни солистички интерпретации. Инаку, фестивалот традиционално почна со фолклорно дефиле на учесниците низ велешките главни улици.

Организаторите на сите учесници и поддржувачи им врачи благодарници.ад/бт/

 Фото: Општина Велес

Остани поврзан