• четврток, 26 декември 2024

Заврши 15. издание на Македонско културно лето во Албанија

Заврши 15. издание на Македонско културно лето во Албанија
Скопје, 6 јули 2022 (МИА) - Со претставата „Орест“ на Театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот" од Велес, заврши 15-то издание на фестивалот Македонско културно лето во Албанија, при што за најдобра актерка на фестивалот прогласена е Билјана Драгичевич Пројковска за улогата на Кармен, од Драмски Театар.
Наградата за најдобра млада актерка ја добија Жаклина Петровска Милјановска за улогите на Марта, Цеце, Жаклина, Елена, во Анатомија на неверството од Театар Комедија и Славица Манаскова за улогата на Електра, од Театар Џинот Велес.
Сашко Коцев е награден за најдобар актер за улогата на Паун во „Не се клади на енглези“ од МНТ, а
Жарко Спасовски за најдобар млад актер, за улогата на „Орест“, од Театар Џинот Велес.
За најдобра претстава е прогласена „Кармен“ на Драмски театар Скопје, а најдобра режија на Дејан Пројковски, за истата претстава.
Признание „Пријател на фестивалот“ добија Министеството за култура на Северна Македонија, Министерството за култура на Албанија, Обединета македонска дијаспора, Кромберг и Шуберт, Општина Велес, Општина Пустец, Град Скопје, Кожувчанка, Театар Џинот Велес и Театар Комедија.бт/лв/

Остани поврзан