• сабота, 23 ноември 2024

Заврши третата  малореканска школа „По патеките на Дичо Зограф"

Заврши третата  малореканска школа „По патеките на Дичо Зограф
Дебар, 7 септември 2022 (МИА) - Денеска заврши третата малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“, посветена на најпознатиот македонски зограф, по потекло од малореканското село Тресонче. - Во деновите од 3 до 7 септември, свештената Бигорска Обител беше домаќин на Третата малореканска научна конференција, насловена како: „По патеките на Дичо Зограф“, што се одржа со благослов на нашиот надлежен Митрополит г. Тимотеј Дебарско-кичевски и со благослов и иницијатива на нашиот Старец и Игумен, Епископот г. Партениј, а во соработка и организација со проф. д-р Сашо Цветковски, информираа од Бигорскиот манастир. Додаваат дека оваа значајна активност била посветена на 170-годишнината од живописувањето на манастирскиот храм „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица. - Свеченото отворање на овој значаен научен собир беше во дворот на црквата 2Свети Петар и Павле" во Тресонче, родното место на Дичо Зограф. Следните денови одржаа неколку наулни секции, на кои свои излагања имаа неколку познати имиња од областа на  историјата на уметноста и архитектурата  Сашо Цветковски, Елизабета Касапова, Ненад Макуљевиќ,од Белградскиот универзитет, Ана Костиќ, Васил Ѓоршиев- Ликин, Александар Василевски, Борис Марковски, Дарко Николовски, нагласуваат од манастирот. Според нив, собирот завршил кога со благослов на игуменот на манастирот епископ Партениј, архимандрит Доситеј на учесниците им доделил посебно изготвени сертификати во знак на благодарност за нивното учество. Воедно, тој во име на владиката срдечно им се заблагодарил на научните работници што на овој начин преку научни конференции на кои ги излагаат своите откритија даваат значаен придонес за расветлување на историјата на Бигорскиот манастири на малореканскиот крај. Сите учесници ја посетиле бигорската книгохранителница. вт/цр

Остани поврзан