• среда, 25 декември 2024

Заврши расправата во собраниската Комисија за транспорт и врски по измените на Законот за градење

Заврши расправата во собраниската Комисија за транспорт и врски по измените на Законот за градење
Скопје, 20 септември 2022 (МИА) - Заврши седницата на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија на која денеска се расправаше по амандмани поднесени за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, што на предлог на Владата се носи по скратена постапка. На седницата, како што информира претседателот на Комисијата Владо Мисјаловски, се прифатени три амандмани, еден не е прифатен, 12 се повлечени, а пет се комисиски усвоени. На седницата присуствуваше и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Со измените се предвидени поедноставени процедури за поставување фотонапонски централи. Измените и дополнувањата се за ублажување на последиците од енергетската криза, со кои граѓаните и деловната заедница ќе може да постават најбрзо и по најповолни услови фотонапонски електроцентрали за производство на струја. Предложените измени предвидуваат, фотонапонските електроцентрали да може да бидат поставени на објекти во индивидуална сопственост до 6 киловати и од страна на сите субјекти потрошувачи – производители до 40 киловати. Новиот Закон предвидува поедноставување на процедурите и клучно е што на граѓаните нема да им биде потребно решение од општината за поставување на фотонапонските централи. мс/сп/

Остани поврзан