• сабота, 16 ноември 2024

Заврши протестот против францускиот предлог

Заврши протестот против францускиот предлог
Скопје, 11 јули 2022 (МИА) – Заврши протестот на кој денеска, по осми пат, граѓаните побараа отфрлање на францускиот предлог за деблокирање на почетокот на пристапните преговори на земјава со Европската унија. Со транспаренти „Ултиматиум, не благодарам“ и „Сепак, ние ќе победиме“, граѓаните се упатија од Владата преку Министерството за правда до Собранието, скандирајќи „оставка“ и пеејќи патриотски песни. Беа испратени пораки за национално обединување и за масовност на протестите. Меѓу граѓаните имаше и членови на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и на Левица, кои јавно ги поддржуваат протестите. Протестниот марш денеска се одвиваше мирно, а за утре е најавен нов протест во 19 часот. ар/бак/

Остани поврзан