Заврши првата фаза од изградбата на локални патишта во каменичкото село Моштица
- Во Македонска Каменица заврши првата фаза од реконструкција на краковите од локалните патишта во село Моштица. Со активноста, како што стoи во објавата на градоначалникот Димчо Атанасовски, реконструирани се краци во населените места Селиште и Влаинци во вкупна должина од 575 метри.
![Заврши првата фаза од изградбата на локални патишта во каменичкото село Моштица](https://mia.mk/index.php/images/20240319170716_big_730x400_20.webp )
Македонска Каменица, 19 март 2024 (МИА) - Во Македонска Каменица заврши првата фаза од реконструкција на краковите од локалните патишта во село Моштица. Со активноста, како што стoи во објавата на градоначалникот Димчо Атанасовски, реконструирани се краци во населените места Селиште и Влаинци во вкупна должина од 575 метри.
-Со ова асфалтирање продолжуваме со градежната офанзива и силната динамика како никогаш досега, со што ветувањата кон граѓаните се реализираат. Се подобрува патната мрежа во сите населени места, а приоритет добија оние места каде што досега никогаш немало асфалт, истакна Атанасовски.
Градежната офанзива, како што додаде, се одвива со силна динамика во согласност со временските услови за работа.
-Со тоа запазени се сите рокови и ветувањата кон граѓаните. Во наредниот период ќе се асфалтираат улици во централното градско подрачје и во останатите населени места, додаде Атанасовски.
Со цел еднаков и рамномерен развој на сите населени места градежните активности, како што дополни, продолжуваат и во наредниот период. вс/бт/
Фото: МИА