• понеделник, 30 декември 2024

Заврши меѓународниот шаховски турнир „Штајниц 2024“-Битола

Заврши меѓународниот шаховски турнир „Штајниц 2024“-Битола

Битола, 21 јануари 2024 (МИА) - Дејан Ѓорѓијески, Адреј Вељаноски, Филип Михов и Кире Николоски се победници на вториот по ред меѓународен шаховски турнир „Штајниц 2024“ кој денеска се одржа во Битола, а специјална награда за млад шахист беше доделена на Константин Лушески.

На шаховски турнир „Штајниц-2024“ учествуваа 46 шахисти од Грција, Србија и од Северна Македонија, организирани од истоимениот клуб чии мотиви се популаризирање на шаховската игра меѓу младите, но и дружење на шахистите од сите генерации.

Турнирот со брозопотезен шах се одигра во девет кола. мт/вг/


Фото: МИА

Остани поврзан