• петок, 30 август 2024

Заврши инсталирањето на енергетско-ефикасни лед -светилки во Делчево

Заврши инсталирањето на енергетско-ефикасни лед -светилки во Делчево

Делчево, 11 јануари 2023 (МИА) – Деновиве заврши инсталирањето на енергетско-ефикасни лед -светилки кои беа обезбедени во рамки на проектот „Подобрување на јавните општински услуги во Општина Делчево“.

Активноста се реализира како грант за успешност за набавка и поставување на 90 ЛЕД- светилки на територијата на Општина Делчево.

 

-Со оваа активност беа заменети стари флуоресцентни светилки од јавното осветлување со нови лед- светилки во населбите Стар Расадник, дел од Старо Делчево, селата Стар и Нов Истевник, дел од селото Драмче, патот за село Полето и село Бигла, информираа од Општината.

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски посочи дека со поставувњето на овие светилки се зголемува енергетската ефикасност во општината и се подобрува квалитетот на јавното осветлување.

– Поставувањето лед-светилки во јавното осветлување е дел од активностите кои ги презема Општината во рамките на енергетската ефикасност. Досега преку разни проекти и донатори се инсталирани во градот Делчево и околните населби околу 1.200 енергетско-ефикасни светилки, а на ова прашање ќе продолжиме да работиме и наредниот период, бидејќи поставувањето енергетско-ефикасно осветлување носи заштеда на енергија и заштита на животната средина, истакна Трајковски.

 

Финансиските средства се обезбедени како грант- средства од Светска банка во износ од 1,4 милиони денари, а овој приоритет е избран од страна на граѓаните по спроведни анкетни прашалници, „Урбана ревизија“, како и форуми во зедницата. вс/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан