• понеделник, 23 декември 2024

Заврши изградбата на локален пат во село Младо Нагоричане

Заврши изградбата на локален пат во село Младо Нагоричане

Куманово, 20 ноември 2024 (МИА) - Заврши изградбата на локалниот пат во село Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, соопштија денеска надлежните. Тие очекуваат подобра поврзаност на ова населено место со останатите во руралната општина.

- Заврши изградбата на локалниот пат во село Младо Нагоричане, маала Бузинци во должина од 1.500 метри. Очекуваме подобра поврзаност внатре во селото каде претходно заврши изградбата на патот во Мариевци. Инаку, учениците од ова населено место ќе имаат подобра поврзаност со школскиот превоз до локалното училиште, изјави заменик-градоначалникот на општината, Бобан Цветановски.

Младо Нагоричане е најнаселено место во општина Старо Нагричане. Според податоците од последниот попис во Старо Нагоричане има 3.051 жител во 39 населени места.

Општината, сместена во североисточниот дел од земјава, иако мала по број на жители, е една од најпривлечните за странските туристи, бидејќи светски е позната по археолошките наоѓалишта, културно-историските објекти, цркви, манастири, природни реткости и раритети. ам/бд/

Фото: „Фејсбук“ / Старо Нагоричане

Остани поврзан