• вторник, 24 декември 2024

Заврши едномесечната кампања за поттикнување соработка меѓу младите од Западен Балкан

Заврши едномесечната кампања за поттикнување соработка меѓу младите од Западен Балкан
Скопје, 31 мај 2021 (МИА) - Заврши едномесечната кампања организирана од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) за поттикнување соработка меѓу младите во регионот на Западен Балкан. Целта на кампањата „Младите инспирирани од мирот“ беше зближување на младите од регионот за подигнување на свеста и зголемување на напорите за градење мир и помирување меѓу младите. Кампањата се реализираше во соработка со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и со поддршка на Фондот за градење мир на Обединетите нации (UNPBF). Како што стои во соопштението од Регионалната канцеларија за младинска соработка, проектот опфатил шест училишта во етнички мешани градови низ регионот осветлени во сино како симбол за премостување на постојните разлики меѓу младите. Кампањата обезбедила и активности за промоција преку интервјуа со наставници, студенти и млади вклучени во проектните активности. Од март 2020 година, партнерите на RYCO и на ООН исто така биле ангажирани со 24 наставници од регионот и развиле алатки за зајакнување на меѓукултурниот дијалог во регионот. Кампањата „Млади инспирирани од мирот“ се презема во рамки на заедничкиот проект на ООН-RYCO „Поддршка на колективното лидерство на Западен Балкан за помирување“, финансиран од Фондот за градење мир на ООН. Имплементиран е од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и трите агенции на ООН - УНДП, УНФПА и УНИЦЕФ. ар/бак/    

Остани поврзан