• понеделник, 23 декември 2024

Завршен настан по повод 49 години постоење на КУД ,,Гоце Делчев" Делчево

Завршен настан по повод 49 години постоење на КУД ,,Гоце Делчев

Делчево, 27 декември 2023 (МИА) - Во рамките на одбележувањето на 49 годишно постоење, Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Делчево на завршен настан ги додели наградите за најдобрите играорци. 

Пред присутните свое обраќање имаше претседателката на друштвото, Соња Мавродиева Георгиевска, која честитајки им ја новата година, на играорците им посака уште поуспешна 2024 година.

- Ја испраќаме оваа 2023 година со една убава новогодишна забава бидејки беше навистина успешна, бидејки годишната програма за работа ја реализиравме во целост. Благодарение на сите вас прекрасно се претставивме во Италија, неколку пати во Бугарија и во Србија. Чест ми е што сум претседател на такви убави и паметни деца. Ви посакувам добро здравје, успех и среќа, а вие претставувајте го Делчево и понатаму онака како што заслужува, рече Мавродиева Георгиевска.

Новата 2024 година, како што истакна извршниот директор Зенил Реџепов, за друштвото ќе биде посебна бидејки КУД „Гоце Делчев“ ќе го одбележи 50 годишниот јубилеј.

- За таа цел ќе се формира организационен одбор за дефинирање на активностите за одбележување на годишнината. И наредната година ќе учествуваме во одбележувањето на сите културно историски настани. Ќе ужествуваме на два фестивала во Скопје и повеќе градови во државата. На меѓународен план имаме предвидено настапи за младинската група како и за играорците над 14 и повеќе години. Ќе настапиме на фестивалот во Мумбла, Турција, потоа имаме учество во Јагодина, Србија, Бургас, Бугарија потоа Романија, а најголем предизвик најверојатно ќе ни биде и учеството на реномиран фестивал во Лисабон, Португалија, додаде Реџепов.

Во рамки на завршниот настан на КУД „Гоце Делчев“ за најубава играорка беше прогласена Мелани Трајковска, за најдобра играорка Магдалена Георгиевска, додека, наградата за најдобар играорец му припадна на Кристијан Димитровски.

Настанот заврши со заедничка Новогодишна забава со изведба на најпознатите македонски ора карактеристични за Пијанечко-Малешевскиот крај. вс/ар/

Фото: МИА

Остани поврзан