• среда, 04 декември 2024

Завршен настан во рамките на проектот „Сузбивање на сексуално и родово-базирано насилство во дигиталната сфера“

Завршен настан во рамките на проектот „Сузбивање на сексуално и родово-базирано насилство во дигиталната сфера“

Скопје, 4 декември 2024 (МИА) - Во рамките на проектот „Сузбивање на сексуално и родово-базирано насилство во дигиталната сфера“ кој УНДП го спроведува со финансиска поддршка од Јужна Кореја, денеска во Скопје ќе се одржи завршен настан.

Како што соопшти МВР, на настанот ќе се обратат помошник министерот за внатрешни работи Муамет Реџепи, раководителката на сектор за меѓународна правна соработка во Министерство за правда Тања Кикерекова, јавната обвинителка во Основно јавно обвинителство Скопје Спасенка Андонова и Ана Чернишова заменичка постојана претставничка на УНДП во Северна Македонија.

На настанот ќе биде презентира и Анализа на законодавството за родово-базирано насилство на интернет, изработена од националната консултантка Неда Чаловска Димовска. дма/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан