• четврток, 07 ноември 2024

Завршен концерт под мотото „Делчево во чест на Гоце"

Завршен концерт под мотото „Делчево во чест на Гоце
Делчево, 4 февруари 2022 (МИА) - Со концерт под мотото „Делчево во чест на Гоце", финишираа активностите по повод одбележувањето 150 години од раѓањето на великанот Гоце Делчев. На концертот, како што информираше Даниела Такева од Општина Делчево која е организатор на настанот, настапија културно-уметничките друштва кои се промотори на Гоцевата идеја „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите". -Вечерва се одржа свечениот концерт во организација на КУД ,,Гоце Делчев" нашиот амбасадор на фолклорот. На концертот настапија промоторите на Гоцевата идеја, а меѓу нив и Културно-уметничкото друштво при НУЦК ,,Никола Јонков Вапцаров" и Фолкорната група Копачка, како најпознат бренд на Пијанец. Претходно организиравме Ликовен и Литературен конкурс од кој творбите вечерва беа прочитани пред Делчевци, рече Такева. КУД „Гоце Делчев" прв пат направи и ревија на народни носии. -Имавме ревија на повеќе етнографски носии од Македонија. Беше настапена носијата од Пијанец, Вардарскиот краји Охридска носија. Имавѓе над 25 оригинални носии кои како КУД ќе се потрудиме да ги зачуваме, рече кореографот Зенил Реџепов. Настаните продолжуваат во наредниот период со организирање повеќе изложби во соработка со Националниот музеј на македонската борба. вс/мч/

Остани поврзан