• петок, 27 декември 2024

Забранет влез во метрото во Техеран за жените без хиџаб

Забранет влез во метрото во Техеран за жените без хиџаб

Техеран, 10 април 2023 (МИА) – Жените кои не носат хиџаб нема да можат да влезат во метрото во Техеран, објави денеска иранската државна телевизија.

Во метрото во главниот град на Иран ќе се формираат специјални групи кои ќе го следат спроведувањето на новото правило.

Многу Иранки, особено оние во големите градови, одбија да ги почитуваат правилата за носење хиџаб и најавија продолжување на протестот под мотото под слоганот „Жени, живот, слобода“, но во поиндивидуална форма.

Воведувањето на новата регулатива од иранските власти уследи откако девојчињата во средните училишта во Техеран, Карај и други градови продолжуваат да пријавуваат напади со отрови. Најмалку најмалку девет училишта биле нападнати во неделата.

Мохамед Хасан Асефари од Комисијата за проверка на факти изјави дека безбедносните агенции не можат да ги идентификуваат сторителите, додека Министерството за здравство соопшти дека се уште не го идентификувале отровот.

Во градот Исфахан веќе е забележано дека на жените кои не носеле хиџаб им бил забранет влез во метрото.

Иранската Влада на 8 април соопшти дека ќе се инсталираат улични камери, како и дека ќе се користат постојни сообраќајни камери, за откривање на жени кои не се придржуваат до кодексот на облекување, а прекршителите ќе бидат казнети.

Локалната полиција соопшти дека ќе добијат СМС пораки со предупредување за последиците“.

Претходно иранските власти соопштија дека жените кои ќе бидат приведени поради неносење хиџаб ќе бидат казнети со 19 фунти. Истовремено, автомобилите во кои ќе има жени без хиџаб ќе бидат одземени 20 дена доколку возачот претходно го сторил истиот прекршок.

Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претходно изјави дека неносењето хиџаб е поврзано со работата на непријателите и шпионите.

Според иранскиот шеријатски закон, кој беше донесен по револуцијата во 1979 година, жените се обврзани да ја покриваат косата и да носат долга, широка облека за да ја скријат својата фигура. Оние кои не го почитуваат законот се предмет на јавна опомена, парична казна или апсење. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан