• среда, 25 декември 2024

Забранет ботоксот за малолетници во Англија

Забранет ботоксот за малолетници во Англија
Лондон, 1 октомври 2021 (МИА) - На малолетните лица во Англија отсега им е забрането да ставаат ботокс. Законот со кој тоа се забранува стапи во сила денеска, а целта е да се заштитат младите од несаканите последици од овој вид третмани. Според Би-Би-Си, веќе подолго време траат обидите законски да се регулира ова прашање. Некои сметаа дека ова не треба да бидат крајно ограничувачки забрани. Според властите, 41.000 малолетни Англичани лани биле подложени на третман со ботокс. Забрана најверојатно ќе има и во Велс и во Шкотска, а нема најави дека тоа наскоро ќе се случи и во Северна Ирска. Во меѓувреме, се упатуваат повици за спречување на малолетниците да бараат решенија вон Англија.  си/сд/

Остани поврзан