• вторник, 24 декември 2024

Забрана за движење на тешки товарни возила над 15 тони при екстремно високи температури во Кавадарци

Забрана за движење на тешки товарни возила над 15 тони при екстремно високи температури во Кавадарци

Кавадарци, 14 јули 2023 (МИА) - Советот на Општина Кавадарци денеска донесе одлука за забрана за движење на тешки товарни возила над 15 тони бруто маса при екстремно високи температури на територијата на Кавадарци.

-Со оваа одлука се воведува посебен времен сообраќаен режим за тешките товарни возила над 15 тони бруто маса на локалните патишта и улици во општината, за време на летниот период од 20 јули до 10 септември, во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерството за здравство, се наведува во одлуката од Советот.

Забраната за овие возила и под овие услови, ќе важи во најтоплите денови во периодот од 12 до 17 часот. За ова, општината ќе изготви и техничка документација и ќе постави соодветна сообраќајна сигнализација. За потребите на јавен интерес, општината ќе издаде посебна дозвола за движење. свд/

Фото : МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан