Заболени од Ковид 32 здравствени работници од Клиниката за нефрологија, нема застој во работењето
- Во моментов 32 здравствени работници од Клиниката за нефрологија се заболени со Ковид-19, информираа за МИА од Министерството за здравство.
Скопје, 4 февруари 2021 (МИА) - Во моментов 32 здравствени работници од Клиниката за нефрологија се заболени со Ковид-19, информираа за МИА од Министерството за здравство.
Двајца од нив се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а еден техничар е хоспитализиран на Клиниката за кожни болести.
-Работењето на Клиниката за нефрологија се одвива регуларно и нема никаков застој во извршување на тековните обврски. За сите кои отсуствуваат има дополнителен кадар кој го надополнува отсуството, посочуваат од Министерството. рп/нд/