• среда, 25 декември 2024

ЖФК Љуботен: Во Велес доживеавме насилство од набилдани момци врз малолетни фудбалерки

ЖФК Љуботен: Во Велес доживеавме насилство од набилдани момци врз малолетни фудбалерки
Тетово, 10 мај 2021 (МИА) - Раководството на Женскиот фудбалски клуб „Љуботен“ од Тетово на прес-конференција обвини дека на саботното гостување во Велес по дуелот со „ЖФК Борец“ нивните фудбалерки, стручниот штаб и управата биле физички нападнати.  Нападнатите фудбалерки добиле и полесни повреди, сите се трауматизирани, случајот е пријавен во полицијата, а се најавуваат и судски тужби. - Наместо да слават победа, од нивни познати причини решија да се пуштат во физичка пресметка со нашите девојчиња. Она е тоа што се случи после натпреварот е вознемирувачки за сите нас и за девојчиња и родителите кои ги пуштиле на натпреваар. Прво ја нападнаа Сенада Муратовиќ при качување по скали за во соблекувална. Беше нападната прво вербално и после физички од жнесо лице за кое мислам дека е член на управата на ЖФК Борец. Се создаде мешаница па нападнати беа и Теодора Бартон, Мирјана  Ѓероска, а Егзона Јашари доби удар со шише во глава, среќа без посериозна повреда и удар во лице, изјави Драгољуб Јовановски, потпретседателот на клубот. Јовановски објасни дека и во текот на натпреварот се соочувале со разни притисоци и закани од домаќините.  Потенцира дека ова е еден преседан во женскиот фудбал и му се прави штета на овој спорт со оглед дека вака се создава страв кај родителите чии девојчиња се претежно малолетни деца. - Најстарата фудбалерка кај нас има 25 години, имаме десет малолетни девојчиња, кои не знаат што е насилство. Насилство врз девојчиња од набилдани момчиња е незамисливо. Прв случај во женски фудбал да се се надевам и последен пат да има напад врз малолетни девојчиња. Имаше и трезвени од клубот, тоа беше татко на голманката на „Борец“ кој како жив штит застана пред нас да не биде уште полошо. Тоа се случуваше на скали седум метри високи, едно девојче да западнаше не ни сакам да помислам што ќе се случеше, изјави Јовановски. Тој случајот го пријавил во велешката полиција. - После во полициска станица до 22 часот давав изјава како официјално лцие на клубот. Се надевам дека полиција и обвинителство ќе завршат работа. Прашање имам до ФФМ како во време на корона имаше над 100 гледачи во публика, како МВР дозволи 15 неофицијални лица во 5 метри квадратни да присуствуваат. Како делегатот дозволи да се игра со 100 гледачи, вели Јовановски. Од клубот обвинуваат дека и во натпреварувачкиот дел се оштетени. - Прво му се обратија на нашиот претставник на клубот : Овде бодови немаш. Тоа беше толку па ни се обрати нас на раководството: По секоја цена ќе победиме и уште нешто што не е за пред јавноста од тоа што ни кажа. Следуваа работи по кои стана јасно што ќе се случува. Безброј фаули, и околу 55 минута кога нашата екипа даде чист гол-влегува топката во гол, удира во шише кое е поставено во внатрешноста на голот, судијата вика играј нема гол, истакна Јовановски. Според него спорен бил и моментот во 65 минута со недосуден пенал за ЖФК „Љуботен“. ас/зс/

Остани поврзан