• сабота, 23 ноември 2024

ЖФК „Каменица Саса“ против силни спаринг партнери ги започнува подготовките за новата сезона

ЖФК „Каменица Саса“ против силни спаринг партнери ги започнува подготовките за новата сезона
Македонска Каменица, 27 јули 2022 (МИА) - Со одигрување на пријателски фудбалски натпревари, освојувачот на женскиот фудбалски Куп на Македонија, екипата на ЖФК ,,Каменица Саса" ги започнува подготовките за престојната сезона во Првата женска фудбалска, информираа од клубот. - Првиот пријателски натпревар ќе го играме пред домашна публика на 2 август против шампионот на Косово, ЖФК ,,Хајвалиа". Потоа на 6 и 7 август, учествуваме на меѓународен турнир во Куманово, заедно со екипите на ЖФК ,,Речица", ЖФК ,,Црвена Звезда" и ЖФК ,,Лесковац" од Србија, информираа од стручниот штаб на каменичанки. Како што е најавено, екипата ќе организира и мини-турнир по повод годишнината од формирањето на клубот. - Веќе на 14 август на домашен терен ќе организираме турнир по повод ,, Пет години ЖФК ,,Каменица САСА" на кој гости ќе ни бидат екипите на ЖФК ,,Истатов Кул" и ЖФК ,,Речица", се вели во информацијата од стручниот штаб.

Пријателските средби пред почетокот на новата сезона каменичанки ќе ги завршат на 21 август наредниот месец во Скопје, каде за противник повторно силите ќе ги одмерат со ЖФК ,,Истатов Кул". вс/ар

Остани поврзан