• сабота, 16 ноември 2024

Жута потпиша за Шибеник

Жута потпиша за Шибеник

Шибеник, 19 јули 2024 (МИА) - Поранешниот македонски репрезентативец, Леонард Жута потпиша едногодишен договор со Шибеник, со можност за продолжување на уште една.

-Среќен сум што доаѓам во Шибеник каде што досега многу пати сум играл од спротивната страна. Дојде време да го облечам портокаловиот дрес. Знам дека ова е клуб со богата традиција и се радувам на новиот предизвик, изјави Жута.

За Жута ова е враќање во хрватскиот фудбал каде што претходно го носеше дресот на Ријека од 2015 до 2019 година.

Последен негов клуб беше Бромапојкарна, а претходно во кариерата има настапи и за Валеренга, Хакен, Лече и Коњаспор.дс

Фото: Фејсбук/ХНК Шибеник

Остани поврзан