• понеделник, 23 декември 2024

ЖРК Ѓорче Петров против Јупен во третото коло на ЕХФ купот

ЖРК Ѓорче Петров против Јупен во третото коло на ЕХФ купот

Виена, 3 октомври 2023 (МИА) – Македонскиот ракометен шампион, Ѓорче Петров за противник во 3. коло на ЕХФ купот го доби тимот на Јупен од Белгија.

„Лавиците“ во 2. коло беа поуспешни од Тиват (Црна Гора), додека Белгијките го елиминираа Жалгирис од Литванија.

 

Првиот натпревар ќе се игра на 11 или 12 ноември, реваншот е една недела подоцна. ЖРК Ѓорче Петров првиот меч треба да го игра на гостински терен.

 

Вкупниот победник од овој двомеч ќе обезбеди место помеѓу 16-те најдобри во третото по квалитет европско клупско натпреварување за ракометарки. зс/

Остани поврзан