• понеделник, 23 декември 2024

Жота надвор од терените два месеца

Жота надвор од терените два месеца

Ливерпул, 19 февруари 2024 (МИА) – Фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота се повреди и ќе биде надвор од теренот околу два месеца. Тој беше изнесен на носилки за време на победата од 4:1 во Премиер лигата над Брентфорд.

Прес-службата на Ливерпул соопшти дека Жота претрпел оштетување на вкрстените лигаменти на левото колено.

Сепак, фудбалерот избегна сериозна повреда и треба да се врати навреме за Европското првенство 2024.

Португалскиот репрезентативец нема да може да учествува на финалниот натпревар од англискиот Лига куп против Челзи кој ќе се одржи на 25 февруари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан