Жичарницата на Водно од 1 октомври со ново работно време
- Секој понеделник и секој последен вторник во месецот, Жичарницата не работи поради редовни сервиси.

Скопје, 29 септември 2023 (МИА) - Жичарницата на Водно од недела ќе работи од 10 до 18 часот. Притоа, од 17 до 17.30 часот ќе биде последно возење од доле-нагоре, односно во 17.45 часот ќе биде последно возење од горе-надоле, соопштија денеска од Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје.
- Посоченото работно време е согласно одлуката за работно време на објектот за месеците октомври и април. Секој понеделник и секој последен вторник во месецот, Жичарницата не работи поради редовни сервиси, се истакнува во соопштението.
Линијата „25“, Транспортен Центар - Средно Водно, од недела ќе сообраќа по есенски режим на работа. бд/дма/
Фото: ЈСП - Скопје