• недела, 28 јули 2024

Жител на тетовски Порој фатен со 100 пакувања кокаин, ги нападнал полицајците при приведување

Жител на тетовски Порој фатен со 100 пакувања кокаин, ги нападнал полицајците при приведување
Тетово, 13 април 2021 (МИА) - Приведен е 31 годишен жител од тетовско Порој вчеравечер на паркинг од фирмата во селото, а притоа кај него се најдени над 100 пакувања кокаин и марихуана. Лицето А.Б.(31), кој требало да биде приведен, се однесувал агресивно и физички ги нападнал полициските службеници. - Вчеравечер во 23 часот, на паркинг од фирма во село Порој, Тетовско, полициски службеници од СВР Тетово - Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода А.Б.(31). При преглед во патничкото моторно возило „хамер“, со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 100 пакувања различна големина кокаин, девет пакувања марихуана, две дигитални ваги и два мобилни телефони, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Поројчанецот е задржан во Полициската станица Тетово, неговото возило е одземено за вештачење и по целосно документирање на случајот, ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци. ас/цр    

Остани поврзан