• сабота, 23 ноември 2024

Жител на Општина Студеничани му се заканувал на својот сосед со гасен пиштол и стрелал во воздух

Жител на Општина Студеничани му се заканувал на својот сосед со гасен пиштол и стрелал во воздух

Скопје, 21 јуни 2024 (МИА) - Четириесет и едногодишниот С.К.,  жител на село Драчевица, во Општина Студеничани, вчера бил повикан на службен разговор во полиција заради упатување закани на неговиот сосед со гасен пиштол од кој што испукал неколку куршуми во воздух.

-На 20.06.2024 во 14.45 часот во Полициското одделение Шуто Оризари бил извршен службен разговор со С.К.(41) од с.Драчевица, општина Студеничани. Тој се сомничи дека на 18.06.2024, по претходна расправија, упатил закани на неговиот сосед Ф.М.(43) од Скопје и испукал неколку куршуми во воздух од гасен пиштол, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. вг/мд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан