• недела, 24 ноември 2024

Жител на Октиси украл пари од соседката

Жител на Октиси украл пари од соседката

Струга, 12 април 2023 (МИА) - Струшката полиција поднесе кривична пријава против жител на селото Октиси поради кражба на пари од домот на 62 годишна жена.

Од СВР Охрид денеска соопштија дека В.Ц. (44) од струшкото село Октиси со копија од клуч влегол во домот на Т.М.(62) и одзел 5.700 евра и 800 швајцарски франци.

- В.Ц. на 5 март годинава со употреба на копија од клуч влегол во домот на Т.М.(62) од истото село и одзел 5.700 евра и 800 швајцарски франци. По преземени мерки од полициски службеници, парите биле пронајдени и вратени на оштетената, информира портпаролот Стефан Димоски.

Настанот во полиција го пријавила сопственичката, од чија куќа биле украдени парите. Крадецот ја искористил семејната блискост со оштетената, направил копија од клучот од влезната врата и во момент кога таа не била дома влегол и го сторил делото, при што не оставил неред ниту оштетувања. сс/цр

Фото:МИА

Остани поврзан