Приведена жителка на кичевско село, возела пребрзо
- Полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со австриски национални ознаки, при што констатирале дека таа го управува возилото со брзина од 107 километри на час на место каде со сообраќаен знак има ограничување на брзината од 50 километри на час.
Скопје, 18 август 2025 (МИА) - Жителка на кичевско село била лишена од слобода затоа што возела пребрзо.
Како што информираат денеска од Министерството за внатрешни работи, вчера во 15:25 часот, полициски службеници од ОВР - Кичево ја лишиле од слобода 46-годишната Џ.З..
- При контрола во патниот сообраќај на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со австриски национални ознаки, при што констатирале дека таа го управува возилото со брзина од 107 километри на час на место каде со сообраќаен знак има ограничување на брзината од 50 километри на час, појаснуваат од МВР.
Како што додаваат, против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. бд/са/
Фото: „Фејсбук“-страница на Министерство за внатрешни работи