• среда, 25 декември 2024

Жителите на Општина Центар бараат подобра инфраструктура и помош за самохраните мајки

Жителите на Општина Центар бараат подобра инфраструктура и помош за самохраните мајки
Скопје, 11 март 2022 (МИА) - Подобри инфраструктурни решенија, намалување на новите градби и помош за самохраните мајки, побараа граѓаните од градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Како што информира Општина Центар, Герасимовски е во постојана комуникација и директни средби со граѓаните и на вчерашниот отворен ден ги ислуша сите барања, потреби и предлог-решенија кои жителите ги изнесоа пред него. -Единствено директната средба со граѓаните ми дава реална слика на она кое е предмет на дискусија. Затоа, оваа лична комуникација со нив ќе остане моја пракса до крајот на мандатот. Впрочем, за овој изминат период токму преку овој начин на комуникација решивме многу проблеми. Ние, слушајќи ги граѓаните излегувавме на терен, правевме увид во состојбите и наоѓавме решенија. Дел од проектите на кои работевме или сѐ уште се работат се токму по нивна сугестија, изјави Герасимовски. По барање на Герасимовски, на сите средби кои ги одржува со жителите е придружуван од претставници од секторите во општината, со цел граѓаните прецизно и веднаш да добијат одговор на поставените прашања. Општина Центар ги повикува сите жители кои се заинтересирани и сакаат да присуствуваат на идните отворени денови со градоначалникот, своето присуство да го најават со повик на телефонските броеви: 02 3203 682 и 075 219 173. мд/дма/

Остани поврзан