• понеделник, 26 август 2024

Жителите на општина Неготино ќе добијат нов и најсовремен затворен градски пазар 

Жителите на општина Неготино ќе добијат нов и најсовремен затворен градски пазар 

Неготино, 9 август 2024 (МИА) - Жителите на општина Неготино ќе добијат нов и најсовремен затворен градски пазар, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов, на Фејсбук.  

- После децении чекање, граѓаните на општина Неготино ќе добијат нов, модерен и најсовремен градски пазар. Официјално стартуваат активностите за изградба на нов градски пазар на местото каде што е и локацијата на постоечкиот. Станува збор за затворен пазар, ќе бидат поставени нови и современи метални тезги, ќе биде обезбеден полесен и безбеден пристап до пазарот, со еден збор општина Неготино ја остварува долгогодишната желба на своите жители, кои конечно ќе добијат градски пазар по највисоки стандарди, појасни градоначалникот. 

Тој ги информираше  жителите  на општина Неготино и пошироко дека поради започнувањето на работите, од вторник, постоечкиот пазар ќе биде дислоциран и тоа на паркинг просторот веднаш до сегашната локација. свд/дма/

 

Фото : Фејсбук на градоначалникот Горан Стојанов 

Остани поврзан