• недела, 21 јули 2024

Животно спакувано во кутија и оставено до контејнер во Делчево

Животно спакувано во кутија и оставено до контејнер во Делчево

Делчево, 13 септември 2020 (МИА) - Животно спакувано во кутија оставено до контејнер во Делчево. Ваква е денеска глетката на паркингот зад зградата кај Здружението на пензионери во Делчево. Револтиран граѓанин на социјалните мрежи сподели фотографии од спакуваното животно, притоа извинувајки се на граѓаните за лошата глетка на паркингот.

-Прво ќе објавам пост и веднаш ќе се извинам за грозните слики што ќе ги објавам. И се прашувам во кој век живееме, мајки, татковци, деца, баби, дедовци, сите од овде поминуваме. Сликите се од над пензионерскиот дом на паркингот. Врв на се е животно спакувано во кутија и оставено на тротоар. И пак се прашувам во кој век живееме, вели граѓанин кој ја регистрира грдата глетка, вели граѓанин на Делчево кој ја регистрираше глетката.

-Ова место е депонија во центарот на градот, несовесни, застануваат со авотмобил, исфрлаат и бегаат, вели граѓанин кој живее во близина на паркингот.

Надлежните велат дека ваквата состојба никому не му оди во прилог, во насока на чиста животна средина. Додаваат дека редовно се чистат контејнерите на овој потег од градот, но дека несовесноста е посилна кај одредени луѓе и оваа слика се повторува неколку пати. Побараа да се истражи целиот случај, а сторителите да бидат казнети.

Во текот на вчерашниот ден граѓани посведочија за слична ситуација кај спортските терени на Голак. На повеќето фотографии од овие терени можеше да се забележи отпад кој беше расфрлан до блиските контејнери.вс/бт/

Остани поврзан