Живко Мукаетов меѓу највлијателните лидери во регионот
- СООПШТЕНИЕ - Генералниот директор и Претседател на УО на АЛКАЛОИД АД Скопје, Живко Мукаетов, е дел од престижната листа ТОП 25 за 2025 година, во категоријата Бизнисмени, подготвена од регионалната медиумска мрежа Bloomberg Adria.
30 декември 2024
Генералниот директор и Претседател на УО на АЛКАЛОИД АД Скопје, Живко Мукаетов, е дел од престижната листа ТОП 25 за 2025 година, во категоријата Бизнисмени, подготвена од регионалната медиумска мрежа Bloomberg Adria.
Листата ТОП 25 за 2025 година ги вклучува најистакнатите бизнисмени и компании од Северна Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и од Босна и Херцеговина. Изборот беше направен во вкупно пет категории – компанија, бизнисмен, визија, идеја и влијание – од локалните редакции на Bloomberg Adria. Клучен критериум за номинациите беа постигнувањата на поединците, визионерите и на компаниите, чии достигнувања и идеи ја обележаа 2024 година, како и нивното потенцијално влијание во годините што следуваат.
Ова е уште едно признание за успешното работење на компанијата АЛКАЛОИД АД Скопје, која со својата посветеност за одржлив развој, општествено одговорно однесување, иновации и поставување нови стандарди продолжува цврсто да го трасира патот кон глобален раст и визија за создавање одржлива иднина.
Целата листа може да се погледне на следниот линк: bit.ly/41R3vzh
Алкалоид АД
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.