• сабота, 23 ноември 2024

Жените вработени во Општина Тетово со градоначалникот засадија цвеќиња во центарот на градот

Жените вработени во Општина Тетово со градоначалникот засадија цвеќиња во центарот на градот

Тетово, 8 март 2024 (МИА) - Со засадување цвеќе пред зградата на општината и во центарот на градот, Општина Тетово го одбележа Меѓународниот ден на жената 8 Март. Градоначалникот Биљал Касами заедно со сопругата и жените вработени во општинската администрација засадија стотици рози и трендафили.

- По предлог на нашите претставнички од женскиот пол во администрацијата, наместо да им подариме едно цвеќе, излеговме заедно да засадиме трендафили во градот, за тоа да биде подолготрајно и да биде во служба на сите граѓани. Жените даваат придонес во општеството и со овој акт покажаа несебичен гест и во служба на сите граѓани на Тетово. Оваа убавина која ќе биде во центарот на градот ќе ја видат сите жители на Тетово. Им го честитаме празникот со желба да бидат повеќе претставени и повеќе слушнати во општеството и важен дел на општеството, истакна Биљал Касами.

Застапеноста на жените во општината и во партиите е специфична и релативна, посочи Касами на новинарските прашања.

- Во јавните претпријатија за жал нема носител на јавна функција на директор, затоа што е поспецифична како позиција. Но во училиштата во главно се жени носители на позиции директорки особено во основните училишта каде речиси се сите жени. Ние работиме да има повеќе претставување на жените во сите институции на општина Тетово но сепак тоа е и желба во однос на тоа што можат и што сакаат жените да бидат, истакна Касами.

Градоначалникот додаде дека во политиката се внимава на законско решение од 40% застапеност на жените, со обид тој процент да биде и зголемен. ас/сст/


фото МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан