Жена првпат избрана за претседател на Советот на муслимани во Британија
- Советот на муслиманите на Велика Британија ја избра Зара Мухамед за лидер, што е првпат тоа тело да и довери таква функција на жена.

Лондон, 1 февруари 2021 (МИА) - Советот на муслиманите на Велика Британија ја избра Зара Мухамед за лидер, што е првпат тоа тело да и довери таква функција на жена.
Таа ќе ја преземе функцијата генерален секретар на најголемото британско тело за џамии, исламски училишта и муслимански здруженија, а на тоа место ќе дојде од позицијата консултант за развој, пренесува Скај њуз.
По изборите, таа прокоментира дека е почестена да ја преземе новата одговорност.
„Благодарна сум за шансата и довербата на делегатите“, рече таа.
Зара Мухамед (29) е од Глазгов, а исто така е и првиот генерален секретар на организацијата, по потекло од Шкотска. За време на изборите таа ја победи Ајмала Масрура, имам и професор.
Изборот на Зара Мухамед го поздрави градоначалникот на Лондон, Садик Кан. паг/