• понеделник, 23 декември 2024

Жена ограбена на атинска плажа – кражбата непланирано пренесена во живо за време на линк на телевизијата „Скај“

Жена ограбена на атинска плажа – кражбата непланирано пренесена во живо за време на линк на телевизијата „Скај“

Атина, 4 јуни 2024 (МИА) – Повозрасна жена остана без нејзиното ланче на атинска плажа откако во моментите кога се подготвуваше да влезе во море, непознато лице насилно и го извади од вратот и побегна, а сето тоа го сними грчката телевизија Скај за време на вклучувањето во живо за сосема друга тема,јави дописничката на МИА од Атина.

Додека новинарот е во преден план и се подготвува за линкот, само неколку секунди пред вклучувањето, кусо пред 7 часот утрово, во заднина се случува кражбата, додека на плажата има и други граѓани.

Жената во шок, за „Скај“ рече дека сè се случило многу брзо, а станува збор за скапо ланче со дебел крст. ср/сд/

Остани поврзан