• вторник, 24 декември 2024

МЖ-Инфраструктура за напукнатиот столб на мостот на Црна Река: По увидот ќе се одлучи како ќе се постапи за непречено да функционира железничкиот сообраќај

МЖ-Инфраструктура за напукнатиот столб на мостот на Црна Река: По увидот ќе се одлучи како ќе се постапи за непречено да функционира железничкиот сообраќај

Скопје, 15 ноември 2023 (МИА) - Екипи од јавното претпријатие „Македонски железници - Инфраструктура“, професори од Градежниот факултет и експерти се излезени на терен со цел да направат увид во моменталната состојба со напукнатиот бетонски столб на мостот на Црна Река, на линијата Гевгелија - Велес.

Од МЖ-Инфраструктура во изјава за МИА велат дека по ова ќе се одлучи како најсоодветно да се постапи за да се воспостави непречено функционирање на железничкиот сообраќај.

- Во однос на настанатата ситуација со железничкиот мост на Црна Река кај локалитетот Стоби, Ве информираме дека на терен се излезени екипи на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, професори од Градежен факултет, експерти и стручни лица од областа и истите вршат увид на моменталната ситуација по што ќе се одлучи како најсоодветно и најбрзо да се постапи за да се воспостави непречено функционирање на железничкиот сообраќај, се наведува во изјавата.

Од МЖ Транспорт за МИА велат дека патниците кои ги користат железничките услуги на релација Скопје – Гевгелија  - Скопје и понатаму ќе бидат превезувани до крајните дестинации, со тоа што возовите од Скопје ќе сообраќаат до станицата Градско, а возовите од Гевгелија ќе сообраќаат до станицата Неготино Вардар.

- На делот Неготино Вардар – Градско - Неготино Вардар, патниците ќе се превезуваат со автобус. Утринскиот воз, број 630 ,што досега од Гевгелија поаѓаше во 04.40 часот, а од 15.11.2023 година ќе поаѓа во 06.15 часот, велат од МЖ Транспорт за МИА. лв/бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан