• среда, 25 декември 2024

Жалбите на обвинетите во „Таргет-Тврдина“ да се одбијат, предложи ВЈО Скопје

Жалбите на обвинетите во „Таргет-Тврдина“ да се одбијат, предложи ВЈО Скопје
Скопје, 7 март 2022 (МИА) - Сите жалби поднесени од обвинетите да се одбијат, предложи јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство - Скопје, Елвин Вели, на денешната јавна седница во Апелацискиот суд - Скопје по повод изјавените жалби на обвинетите во случајот по сите основи и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по повод изречените кривични санкции и казни, против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје во предметот познат во јавноста како  „Таргет – Тврдина“. Според обвинителот Вели, наводите на одбраната во овој случај за доказите се неосновани. На седницата, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство - Скопје го презентираше писмениот предлог со кој се предлага сите изјавени жалби да се одбијат, а по повод жалбата на обвинетиот Сашо Мијалков и по службена должност Апелациониот суд Скопје да ја запре постапката за кривичното дело од член 359 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик поради настапена апсолутна застареност на кривично гонење и следствено на тоа да интервенира во одлуката за казна, додека во останатиот дел пресудата да се потврди.​ Основниот кривичен суд Скопје на 26 февруари 2021 година на обвинетите во случајот за масовното прислушување и уништување на опремата од УБК  им изрече казна затвор од 55 години и 10 години условни казни. Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, од страна на првостепениот суд е казнет со казна затвор од 12 години за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“. оџ/ар/

Остани поврзан