• петок, 27 декември 2024

Жаклина Гушева нов раководител на Шумско стопанство„Бабуна“ од Велес

Жаклина Гушева нов раководител на Шумско стопанство„Бабуна“ од Велес

Велес, 18 јули 2024 (МИА) - Жаклина Гушева, дипломиран шумарски инженер од денеска е нов раководител на Подружницита ШС „Бабуна“ Велес на ЈП Национални шуми. Таа на раководното место доаѓа од Секторот за уредување на шуми, ловишта и проектирање при дирекцијата на ЈП Национални шуми во Скопје каде работеше 25 години.

Информацијата за МИА ја потврди досегашната директорка  на ШС „Бабуна“  шумарски инженер Љубинка Попова, која во неколку наврати раководеше со велешката Подружница „Бабуна“. Воедно, веста ја потврдија и од ЈП Национални шуми во Скопје. ад/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан