• среда, 25 декември 2024

„ЕasyJet“ влегува на македонскиот пазар со авиолинија од Женева до Скопје

„ЕasyJet“ влегува на македонскиот пазар со авиолинија од Женева до Скопје
Скопје, 3 септември 2021 (МИА) - Авиокомпанијата Изиџет (еasyJet) од 1 ноември влегува на македонскиот авијациски пазар со авиолинија од Женева до Скопје, три пати неделно, секој понеделник, четврток и петок. Од ТАВ Македонија денеска информираа дека станува збор за сезонска авиолинија од 1 ноември до 25 март следната година. - Авиобилетите се пуштени во продажба преку веб-страницата на Изиџет (easyJet) https://www.easyjet.com/en, со цени што почнуваат од 1 476 денари за авиобилет во една насока, информираат од ТАВ Македонија. Новата сезонска авионска линија, како што велат од Изиџет, ќе им овозможи на граѓаните да ги посетат своите семејства и пријателите или да го откријат градот на раскрсницата на Балканот, богат со повеќе влијанија, како и со бројни културни и природни локалитети. Од ТАВ Македонија се задоволни што авиокомпанијата Изиџет влегува на македонскиот авијациски пазар и покрај тековната глобална криза во авијацијата предизвикана од КОВИД-19, како и фактот дека многу земји сè уште имаат рестрикции за авионските патувања. Женева ќе биде третата дестинација од Швајцарија со која од Меѓународниот аеродром Скопје ќе има воздушна конекција, по Цирих и Базел. бак/са/

Остани поврзан