• недела, 08 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ЕХФ недела: Македонија поразена од Србија 

ЕХФ недела: Македонија поразена од Србија 

Бор, 7 март 2025 (МИА) - Женската ракометна репрезентација на Македонија доживеа пораз со 21-34 (11-20) од Србија во првиот контролен дуел во рамки на ЕХФ неделата. 

Србија водеше цела средба од почетокот до крајот и немаше поголеми проблеми со македонските ракометарки.

Најдобра кај Македонија беше Дамјаноска со шест гола, а кај Србија, Крпеж имаше седум реализации. 

Македонија и Србија ќе одиграат уште еден пријателски дуел во Бор, во сабота од 13:00 часот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан