• недела, 06 октомври 2024

ЕХФ лига: Еурофарм Пелистер убедливо поразен од Магдебург

ЕХФ лига: Еурофарм Пелистер убедливо поразен од Магдебург

Битола, 23 март 2021 (МИА) - Ракометарите на Еурофарм Пелистер со 24:32 го загубија првиот натпревар од Магдебург во осмина-финалето од Европската ракометна лига.

Битолчани, вечерва на свој терен, без поддршка од публика и со преголем респект кон бундеслигашот, доживеаја висок и убедлив пораз кој беше навестен од самиот почеток на средбата кога гостите поведоа со 4:0 и на крајот славеа со осум голови – недостижна предност во пресрет на реванш натпреварот кој ќе се игра следниот вторник во Германија.

Ракометните професионалци од Битола честитаа за победата на гостите од Магдебург и посебно на најефикасниот играч на средбата Магнусон кој постигна 10 голови. мт/зс/

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан