• недела, 01 септември 2024

Ефикасно реми на дербито во Чаир

Ефикасно реми на дербито во Чаир
Скопје, 9 август 2020 (МИА) – Четири постигнати гола и нерешен исход е епилогот на дербито во првото коло од Првата македонската фудбалска лига одиграно попладнево во скопската општина Чаир меѓу домаќинот Шкупи и Шкендија од Тетово. Домаќините имаа солидни 2:0 по првото полувреме, но тетовци засилија во вторите 45 минути и успеаја на крајот да избегнат пораз. Резултати на денешните пет натпревари во 1. коло од ПМФЛ: Шкупи – Шкендија 2:2 Македонија Ѓ.П. – Работнички 2:1 Беласица – Силекс 0:6 Пелистер – Академија Пандев 1:0 Ренова – Струга 0:0. Вчера на отворањето на новата сезона, Борец како гостин го совлада Вардар со 1:0. зс/

Остани поврзан